-->
-->
Охриѓанец незаконски ловел риба со мрежа, полицијата одзела 120 парчиња плашица
-->
– Дваесет метри рибарска мрежа и 120 парчиња уловена риба плашица одзела полицијата од 35 годишен охриѓанец поради незаконски риболов.
СВР Охрид денеска соопшти дека кај каналот „Студенчишта“ во Охрид, вчера околу 17 часот и 30 минути полициски службеници при незаконит риболов со рибарска мрежа го затекнаа Б.О.(35) од Охрид.
– Притоа, пронајдена и одземена е рибарска мрежа во должина од 20 метри и 120 парчиња уловена риба плашица. За настанот, запознаен е јавен обвинител и надлежниот инспекторат за водостопанство, стои во информацијата.
По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава согласно Законот за рибарство и аквакултура.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Двајца македонски државјани прогласени за непожелни во Албанија
-

Ѓорѓиевски: Парична помош за 456 онколошки пациенти во наредните два дена
-

МЗ: Состојбата во Гостивар континуирано се следи, намален вкупниот број прегледи
-

Водата во Скопје квалитетна и безбедна за пиење
-

Кривична за сопственик и фирма поради сомнение за даночно затајување над 7,2 милиони денари
-

Групна тепачка помеѓу шест лица во Шуто Оризари
-

24-годишен тетовец со тврд предмет ја нападнал својата мајка
-

Ангелов и Јанчев: Пожарот во Кавадаречко се очекува до крајот на денот да биде изгаснат во целост
