Охриѓани и вечерва масовно со поддршка унитарна Македонија

Граѓани на Охрид вечерва повторно со масовен марш низ улиците на градот ја изразија својата поддршка на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, со цел да ја искажат својата загриженост за иднината на државата и во одбрана на унитарноста на Република Македонија.
– Тука сме да ги осудиме сите шовинистички идеологии насочени кон уништување на македонскиот корен и идентитет…На сите оние кои во 1999 година дојдоа од Косово, кога беа обесхрабрени и кога беа пред уништување, токму Македонија даде поддршка. Зошто сега оние луѓе на кои им дадовме поддршка сега застануваат против нашиот идентитет, изјави Сашо Кироски, студент по археологија.
Јосиф Белески дојде од Струга заедно со охриѓани да ја поддржи иницијативата „За заедничка Македонија“ организирана, како што рече, „за спас на ова парче македонска земја“.
– Да заветиме на нашите идни поколенија да ја зачуваат земјата, исто како ние што се трудевме. Ние во Струга и во Кичево сме единствените општини кои после територијалната поделба почувствувавме што значи да си туѓ во своја земја. Затоа со сите сили да се избориме да не попуштаме пред притисоците до последен миг додека трае кризата, уште повеќе што светските политички прилики одат во наш прилог и верувам дека оваа акција ќе заврши позитивно за македонскиот народ и нашата држава, рече Белески.
Тане Маркоски ги повика сите свештени лица од сите епархии на Македонија да застанат до својот народ за, како што рече, да не се дочека двојазичност на вечните македонски обележја со кои Македонците се гордеат како народ.
Вообичаено како и претходните два дена учесниците на протестот се собраа на плоштадот кај охридската гимназија, по што се упатија низ улиците во централното градско подрачје до Градскиот плоштад.
Ново на Сител
-

Белата куќа демантира дека постои меморандум за разбирање со Иран за завршување на војната
-

Влада: Отворањето на фондовите од Реформската агенда за Македонија е јасен показател за нашата европска ориентација
-

Времето утре нестабилно со пороен дожд
-

Иран соопшти дека нацрт-договорот со САД ќе ја обнови пловидбата низ Ормуската Теснина и ќе ѝ стави крај на поморската блокада
-

Одбележување на матурската и полуматурската прослава на штитениците од ЈУ Детски дом за деца без родители и родителска грижа
-

Од денеска со дозвола од „Б“ категорија може да се возат мотоцикли до 125 м3
-

Приведени 16 возачи за безобѕирно управување возило, 14 возеле без дозвола
-

Најевтините 10 и најскапите 10 градови во Европа за туристите
