Охриѓани на протест за поддршка на иницијативата „За заедничка Македонија“
Во Охрид вечерва продолжија протестите за поддршка на иницијативата „За заедничка Македонија“. Протестот почна од плоштадот кај охридската гимназија, по што учесниците продефилираа по улицата „Димитар Влахов“ и булеварот „Македонски просветители“, од каде низ чаршијата се упатија на главниот градски плоштад „Св. Климент Охридски“.
Спасе Силјаноски во име на учесниците на протестот ги повика на слотеност сите граѓани независно од нивното политичко убедување бидејќи, како што рече, само така може да се победи надворешното зло што сака да ја разнебити државата.
Горан Лазороски истакна дека во Охрид официјално е регистрирано Македонското патриотско друштво „Методи Патче“, што целосно застанува зад инцијативата за унитарна Македонија.
- Тука сме јавно да се спротивставиме на тиранската платформа и на сите сили кои сакаат да го разнебитат македонското национално ткиво, единствената мајка Македонија, рече Лазороски.
Иницијативата „За заедничка Македонија“ се противи на платформата на политичките партии на Албанците со која, според нив, се предвидува воведување двојазичност на територијата на целата држава и други законски измени што го загрозуваат унитарниот карактер на државата. Активистите на „За заедничка Македонија“ најавуваат дека протестите нема да запрат и во случај да се формира нова влада меѓу СДСМ и албанските партии.
Ново на Сител
-
Протест во Анкара поради апсењето на градоначалникот на Истанбул
-
Истрага против три лица за трговија со пет килограми марихуана
-
Од руско заробеништо вратени 4.306 украински војници
-
„Солун во молк за Кочани“ – точно напладне собир на солунскиот плоштад
-
Лишен од слобода возачот кој удри малолетничка во Ѓорче Петров
-
Пожарот во Струмичко е ставен под целосна контрола
-
Српскиот патријарх одржа молитва за жртвите во Кочани
-
Трамп им ја укина државната заштита на Камала Харис и на Хилари Клинтон