-->
-->
Охриѓанка узурпирала државно земјиште
-->

Полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против 44-годишната В.К.В. од Охрид. Пријавената, од почетокот на годинава, со незаконски дејствија узурпирала 599 метри квадратни недвижен имот-земјиште сопственост на Република Македонија, со намера за владение на недвижниот државен имот лоциран покрај магистралниот пат Охрид-Ќафасан веднаш до нејзината парцела, а со цел да го употреби за лична корист.
В.К.К. на узурпираното државно земјиште најнапред поставила ограда а потоа со насипување песок овозможила пристап од магистралниот пат до целокупниот имот по што започнала да го изнајмува како паркинг простор.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

На Клинички ќе има четири вида на плаќање, а цените ќе ги одредува советот на Град Скопје
-

ССМ на блокада пред Стопанската комора
-

Мицкоски бара извинување од Трендафилов за навредите кон Стојаноска
-

Повластени тарифи за 60 производи
-

Преглед на вестите од светот
-

Работниците денеска го блокираат Сојузот на стопански комори
-

Кој се ќе биде опфатен со владината реконструкција?
-

Саит Саитов приведен во Србија, се чека негова екстрадиција
