Спорт плус
8. August 2016 - 15:31

ОИ Рио: Канада славеше убедливо во дуелот со САД

 
 
Одбојкарите на Канада направија вистинско изненадување совладувајќи ја селекцијата на САД со максимални 3-0 во сетови во 1.коло од машиот олимписки одбојкарски турнир во Рио. 
 
Во другите две средби од А групата, максимална победа од 3-0 забележа и Италија во дуелот со Франција, додека домаќинот Бразил со 3-1 го совлада Мексико. 
 
Во групата Б, актуелниот олимписки првак Русија иако загуби сет од Куба сепак го доби мечот со 3-1. Победи од 3-0 забележаа Полска над Египет и Аргентина во дуелот со Иран.