ОЈО: Мерки за претпазливост за осомничениот советник во МВР

Судија на претходна постапка го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство и му определи мерки на претпазливост на Д.С., вработен во Министерството за внатрешни работи, кој се товари дека ја злоупотребил својата работна позиција за спречување службено дејство.
Како што соопшти Јавно обвинителство на Република Македонија, надлежен јавен обвинител, оценувајќи дека се исполнети законските услови, до судија на претходна постапка поднесе Предлог за определување мерки на претпазливост - забрана за напуштање на живеалиште, односно престојувалиште, задолжително јавување пред надлежен орган, привремено одземање патна исправа, забрана за издавање нова патна исправа и забрана за преземање одредени работни активности што се поврзани со кривичното дело.
Судот го прифати предлогот на обвинителството и на осомничениот со Решение му ги изрече бараните мерки.
Ново на Сител
-

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
-

Украинските власти тврдат дека не добиле официјален предлог за примирје за 9 мај
-

Трамп соопшти дека ќе ги зголеми царините за автомобили и камиони од ЕУ на 25 отсто
-

Белата куќа одби да го коментира новиот ирански предлог упатен до САД
-

Дуелот во Кратово меѓу Силекс и Шкендија заврши 1-1
-

Русија успешно тестираше ракета Сојуз-5
-

Повеќе од 550 лица приведени на демонстрациите по повод 1 мај во Истанбул, во останатите градови во Турција одбележувањето поминаа мирно
-

Дурмиши: Ги интензивиравме инспекциските контроли со цел доследно почитување на работничките права и намалување на неформалната економија
