ОЈО: Обвинение за четири лица од скопскиот катастар за злоупотреба на службена положба
Скопското Обвинителство поднесе обвинителен предлог против четири лица, вработени како службени лица во Агенцијата за катастар на недвижности Скопје, за злоупотреба на службената положба и овластување.
Обвинетите, како што соопшти Јавното обвинителство, со искористување на својата службена положба и овластување и спротивно на одредбите од Законот за катастар на недвижности, склучиле договори за извршување консултантски услуги со Републичкиот геодетски завод Србија.
-Договорите биле склучени на ист датум во декември 2016 година, во рамките на Проект за управување со недвижности, а врз основа на нив на обвинетите им биле исплаќани средства во текот на повеќе месеци во 2017 година. На овој начин, секој од обвинетите, во зависност од својот ангажман, за себе прибавил противправна имотна корист од поголема вредност – односно 1.000.541 денари, 763.031 денари, 753.072 денари и 930.378 денари, се наведува во соопштението.
Ново на Сител
-
Франција пред политичка неизвесност откако ниту една политичка опција не доби апсолутно мнозинство
-
Еврото падна поради изборите во Франција
-
ДКСК ќе одржи седница
-
Владината делегација ќе учествуваат на Самитот на НАТО во Вашингтон, ќе остварат бројни средби
-
Земјотрес со интензитет од 3,2 степени според Рихтер реистриран во подрачјето на Охрид
-
На граничните премини Табановце и Богородица за влез и излез од државава се чека 15 минути
-
Српската полиција уапси седуммина активисти на здружението „Не го даваме Јадар“
-
Макрон одби да и се обрати на нацијата по вториот круг од парламентарните избори