ОЈО Охрид со детали за инцидентот: Го удрил по главата и му рекол „не ти е срам да се пишиш Бугарин“
Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Охрид достави предлог за определување мерка притвор за 24-годишен охриѓанец, осомничен за кривично дело тешка телесна повреда нанесена врз Христијан Пендиков, секретар на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“.
Наредба за спроведување истражна постапка против осомничениот донесе Основното јавно обвинителство Охрид.
-На 19 јануари, во кафе-бар во Охрид, осомничениот пристапил до маса на која седело едно лице, го удрил по главата, упатувајќи му ги зборовите „не ти е срам да се пишиш Бугарин“ и се оддалечил. Неколку часа подоцна, кога оштетениот излегол од кафе-барот и се движел кон неговото возило, осомничениот заедно со уште две други непознати лица го пресретнале и го нападнале, удирајќи го по главата и телото и нанесувајќи му тешки телесни повреди опасни по живот, соопшти државното Јавно обвинителство.
Ново на Сител
-
Мицотакис денеска на Санторини – продолжуваат земјотресите на островот
-
Без струја утре дел од општина Центар
-
Мицкоски ќе присуствува на доделување на станови на социјално ранливите семејства во Општина Велес
-
Му се слошило на роденден на својата ќерка, почина Игор Југ
-
Утрово најстудено на Попова Шапка, најтопло во Гевгелија
-
Зеленски: Трамп нема план да стави крај на војната
-
Песков: Русија и САД не започнале разговори за средбата Путин-Трамп
-
Поради дојави за бомби се евакуираат ученици во Аеродром