ОЈО поднесе обвинение за обидот за убиство во гостилница во Хиподром
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против едно лице за сторено кривично дело обид за убиство за настанот на 24 февруари годинава во гостилница во скопската населба Хиподром.
– Осомничениот на 24.02.2019 година со умисла се обидел да лиши од живот едно оштетено лице, така што додека седеле на различни маси во дворот на гостилница, без предупредување му пришол на оштетениот, извадил нож од џебот и замавнал. Притоа на оштетениот му нанел тешка телесна повреда – влезно убодна рана во пределот на абдоменот, оштетувајќи му неколку органи. По ова, реагирале други лица кои седеле на масата со оштетениот и осомничениот се оддалечил од местото, се вели во соопштението од ОЈО.
Од ОЈО, информираат дека со оглед на тоа што надлежниот јавен обвинител ценел дека се исполнети сите законски основи, до судот доставил и посебен предлог за претходно определената мерка куќен притвор против обвинетото лице да се продолжи.
Ново на Сител
-
Мексико: Девет жртви откако ветер урна дел од бина на предизборен настан
-
Честитка од претседателката Сиљановска Давкова по повод 23 Мај – Националниот ден на Власите
-
Честитка од Бабовски по повод 23 Мај, Националниот ден на Власите
-
Во ИЕ 6 ДУИ изгуби, Вреди доби еден мандат
-
Вучиќ ги повика сите членки на ГС на ОН да не ја усвојуваат нацрт-резолуцијата за геноцидот во Сребреница
-
Јоханис: Романија нема да распоредува војници во Украина
-
106 санкционирани возачи во Скопје
-
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено