ОЈО поведе истрага против тетовец за недозволена трговија со дрога
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 27-годишен тетовец, осомничен за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
– На 8 април, при претрес во семејната куќа на осомничениот, на улицата „29 Ноември“ во Тетово, полицијата пронашла вкупно 114,68 грама марихуана во повеќе помали пакувања. Дрогата била скриена на различни локации во домот, во автомобилот, како и во исушен канал за наводнување во дворот на куќата. Кај осомничениот била пронајдена и дигитална вага наменета за мерење при препакување на дрогата, информираат од јавното обвинителство.
До судија на претходна постапка од Основниот суд во Тетово јавниот обвинител поднесе предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, оценувајќи дека постои опасност тој да се даде во бегство, да го повтори делото или да влијае врз сведоците и да се обиде да ги прикрие трагите. Судијата го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.
Ново на Сител
-

За неполн месец спасени 10 давеници
-

Седум ЕУ држави се спротивставија на Мерц, нудат нов план за целосно членство на Западен Балкан
-

Тема на денот со Јованка Тренчевска, потпретседателка на СДСМ и пратеничка
-

Преглед на вестите од светот
-

Оставка на уставниот судија Гоце Наумовски
-

Кавги во Собранието поради законот за правична застапеност - ДУИ бара веднаш да се гласа
-

Дурмиши: Продажните цени растеле побрзо од набавните, но сега се стабилизираат
-

Четири компании аплицирале на тендерот на Министерството за транспорт за електрични автобуси
