Околу 200 пријави за штети од серијата земјотреси во охридско
Околу 200 пријави за штети од серијата земјотреси во охридско-преспанското подрачје имало во текот на денешниот и вчерашниот ден на телефонскиот број за итни повици на Центарот за управување со кризи 195.
Најчесто пријавувани штети има за срушени оџаци, напукнати и изместени преградни ѕидови и други површински оштетувања кои настанале од паднати предмети.
Центарот за управување со кризи соопшти дека денеска е одржана вонредна седница на Регионалниот штаб за управување со кризи во Охрид на која е донесена одлука да се продолжи со проверка на објектите во однос на конструктивната сигурност, да се даваат насоки и упатства за постапување на граѓаните при вакви ситуации, да се посетат локациите на кои самоиницијативно се сместени граѓани во шатори и да се извршат дополнителни контроли на исправноста на водата за пиење во епицентралните подрачја.
- Апелираме до граѓаните да останат смирени и присебни, да не се создава паника која би предизвикала деструктивно однесување од поединци, да не се подлегнува на гласини и шпекулации за евентуална евакуација и да се следат препораките и насоките дадени од надлежните институции, велат од РЦУК.
За какви било дополнителни информации, граѓаните можат да се јават на бесплатните телефонски броеви на ЦУК - 195 и полиција - 192.
За утре е закажана седница на Главниот штаб во Центарот за управување со кризи, на која ќе се расправа за моменталната состојба со серијата земјотреси и ќе се донесат заклучоци за натамошно делување.
Ново на Сител
-
Тутунарите со свои очекувања
-
Борисов предложи коалиција за Влада - Парламентот не успеа да избере претседател
-
Загадениот воздух - Хроничен зимски проблем
-
Владата е свесна за проблемите со загадениот воздух
-
ВМРО-ДПМНЕ: Фалат 200,000 евра на Детска клиника
-
Таравари: ДУИ да не политизира смртни случаи
-
Пожарот на Галичица делумно локализиран
-
АДКОМ на Балканската конференција во Приштина