Околу 27 илјади уапсени за три години за илегално влегување во Британија

Во изминатите три години, за илегално влегување на територијата на Велика Британија се уапсени околу 27 илјади лица, покажуваат најновите податоци на Министерството за внатрешни работи во Лондон.
Податоците се однесуваат за 39 главни полициски станици во Англија, Велс и Северна Ирска и покажуваат пораст на бројот на „илегалците“ од безмалку 25 отсто, во споредба со претходните три години.
Најголем број од уапсените, се откриени по патиштата, на бензиските станици и на паркинзите за камиони, меѓу луѓето кои илегално се префрлуваат во Британија, сокриени во големите возила .
Најголем број илегалци, околу 9.600, се откриени минатата година, кога ЕУ и целиот европски континент беа изложени на бран од мигранти и бегалци.
Во овие бројки, не се пресметани уапсените лица кои престојувале во Велика Британија и по истекот на нивната виза, ниту оние кои се задржани по пристаништата и аеродромите.
Во водите на каналот Ламанш и пошироко, близу до брегот на Франција, Белгја и Холандија во изминатите три години- од почетокот на 2013 до март 2016 година, се пресретнати над 145 илјади лица, потенцијални мигранти.
Експертите во Лондон укажуваат дека големиот број откриени и фатени „илегалци“ покажува дека заобиколеното, нелегално влегување во Британија и понатаму е релативно лесно и можно.
Политичарите од британската десница, како и антиевропските и евроскпетичните весници ги користат ваквите податоци за да ја оправдуваат одлуката за излез на земјата од ЕУ, но се согласуваат дека и сама, Британија се уште нема едно долгоречно и потрајно решение за миграцијата.
Ново на Сител
-

Бахреин ги осуди иранските напади
-

Приведен 76-годишен маж од Гостивар, возел мопед без дозвола
-

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради трка
-

Почна полагањето на државната матура, годинава полагаат 14.500 ученици
-

Израелската армија уби бебе во Западен Брег
-

САД со дополнителни 38 милиони долари за борбата против епидемијата со ебола
-

Песков за односите Русија – САД: За танго потребни се двајца
-

Силјановска Давкова: Шест децении сцената на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ е простор на највисоки дострели на македонската театарска уметност
