ОН: Околу 34 милиони луѓе гладуваат
Обединетите нации предупредија дека во повеќе од 20 земји во светот ќе завладее глад во следните неколку месеци. Бројни семејства веќе гладуваат во делови на Јемен и Јужен Судан, се наведува во извештајот на Организацијата за храна и земјоделство на ООН.
Во извештајот се вели дека околу 34 милиони луѓе се борат со недостиг на храна и се на работ на глад.
Како што пренесува „Гардијан“, гладот е предизвикан од воените конфликти, климатските промени и пандемијата на коронавирусот, а во некои земји од временски непогоди и пустински бури.
– Нивото на страдање е алармантно. На сите ни останува да дејствуваме брзо и да спасиме животи, порача Ку Донгју, генерален директор на Организацијата на ООН за храна и земјоделство.
Северна Нигерија, Јемен и Јужен Судан се меѓу земјите кои се соочуваат со „катастрофа“ поради недостиг на храна, се вели во извештајот на организацијата.
Најзагрозени се земјите во Африка, а глад им се заканува и на Авганистан, Сирија, Либан, Хаити и некои земји од Карибите.
Ново на Сител
-
Николоски најавува влез на нови странски инвестиции
-
35 апликации од општините за финансирање проекти од државниот буџет
-
Дел од помладите не знаат за спомен обележјата во градот
-
Расте интересот за младински волонтеризам во Црвениот крст во Струмица
-
Преглед на вестите од светот
-
Трговците разочарани, за ССМ и ОПМ владините мерки кои ќе ја поевтинат храната, се добри
-
Коцевски: Ако јас имам дисциплинска повреда, нека ме разрешат
-
Над илјада производи ќе се продаваат со замрзнати маржи до крајот на април