Околу 70 илјади домаќинства во Одеса синоќа биле без електрична енергија

Околу 70 илјади домаќинства во украинскиот град Одеса синоќа биле без електрична енергија, соопшти во редовното вечерно видео-обраќање до нацијата украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Во текот на целиот ден во Одеса се работеше на обновување на снабдувањето со електрична енергија. Поголемиот дел од корисниците веќе имаат струја, но се уште има работа“, посочи тој.
Зеленски им се заблагодари на сите вработени во техничките екипи и во енергетските компании, како и на припадниците на Државната служба за вонредни ситуации, кои учествуваат во обновувањето на снабдувањето.
„До вечерва околу 70 илјади семејства се уште беа без струја. Сите неопходни ресурси се мобилизирани“, додаде украинскиот претседател.
Руските сили во ноќта спроти 9 август го нападнаа црноморскиот пристанишен град Одеса со балистички ракети и ударни дронови. Во нападот беа повредени најмалку 12 лица, а беше причинета и материјална штета на инфраструктурата.
МИА
Ново на Сител
-

Изречени 63 санкции за возење под дејство на алкохол
-

Јован Костадинов меѓу добитниците на наградата „Младинска храброст 2026“
-

Клековски: Се подготвуваме да потпишеме меморандум со СБ и ЕИБ и финансирањето на инвестициите во болниците во Штип, Тетово и Кичево
-

Ангелов: Не палете оган на отворено, доволна е една искра за катастрофа
-

MHERO пристигнува во Македонија: Сила создадена без компромис
-

Автомобил излетал од патот во Ресен - две жени се тешко повредени
-

Негователка во градинка во Хром физички нападнала дете
-

Вештачење: Реконструкцијата во „Пулс“ била изведена нелегално, објектот според површината никогаш не можел да биде кабаре
