Околу 7.600 Сиријци се вратиле од Турција по падот на Асад пред една недела

Околу 7.600 сириски мигранти ја преминале турската граница и се вратиле во својата земја по падот на сирискиот претседател Башар ал Асад пред една недела, изјави денеска турскиот министер за внатрешни работи.
Вкупниот број Сиријци кои „доброволно се вратиле од Турција“ од 9 до 13 септември достигна 7.621, напиша Али Јерликаја во соопштението објавено на „Х“.
Бунтовниците предводени од исламистите влегоа во Дамаск и го соборија Асад на 8 декември.
Турскиот министер за одбрана Јашар Ѓулер денеска исто така изјави дека Анкара е „подготвена да обезбеди воена помош доколку новата сириска влада го побара тоа“.
Турција е „подготвена да ја обезбеди потребната помош доколку новата влада го побара тоа, рече министерот, пренесоа локалните медиуми.
Ѓулер додаде и дека треба да им се дадат шанси на новите власти во Дамаск, кои се предводени од исламистички бунтовници.
Ново на Сител
-

Колони возила на бензинските станици
-

Колони возила на бензинските станици
-

Тема на денот со Тони Менкиновски, адвокат
-

ВМРО-ДПМНЕ со слики го потсети Филипче дека лажеше за мигрантите, СДСМ тврди дека мигрантите доаѓаат
-

Почна со работа меѓупартиската група за Изборен законик
-

Невладиниот сектор алармира: Имаме политики за заштита на жените, но не се имплементираат
-

83 години од депортацијата на штипските евреи
-

Од полноќ дизелот поскап за 14,5 денари, гужва на бензинските
