-->
-->
Околу 80 кучиња скитници заловени и третирани во изминатите четири месеци во Кавадарци
-->

Околу 80 кучиња скитници биле заловени и соодветно третирани во изминатите четири месеци во Кавадарци, информираше денеска Петар Камчев од Јавното претпријатие “Комуналец”.
Кавадарчани постојано се жалат дека несовесни поединци откако ќе им помине меракот, престануваат да се грижат за кучињата кои некогаш им биле миленици, па животните завршуваат на улица. Истовремено, на неколку пати беше изразено сомневање дека бездомни кучиња од страна, се носат со комбиња и се пуштаат во Кавадарци.
Една жена денеска се пожалила поради глутница кучиња скитници во градот и побарала полициска интервенција, потврди Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
Од Локална самоуправа потсетуваат дека Советот на општината донесе програма за контрола на популацијата на бездомни, односно нерегистрирани кучиња затекнати на јавни површини без присуство на сопственикот, нагласуваат дека се интервенира на терен и се решава проблемот со кучињата. Јавното комунално претпријатие склучило договор со правно лице кое утврдува дали кучињата се болни или здрави. Ако се здрави ги регистрираат со значки на ушите и потоа ги пуштаат.
Во општината имаат сознанија дека бездомни кучиња од други општини се носат во Кавадарци. Оттаму апелираат ако се видат вакви животни да се фотографираат за да може да се поведе постапка, затоа што тоа е голем проблем и ако не се реши, велат, ќе излезе дека кавадаречката локална самоуправа не работи на негово надминување.
Ташо Радњански, советник во Советот на општината, има предлог маркичките на веќе прегледаните кучиња скитници да не бидат со унифицирана жолта боја, туку да бидат со различна боја, за точно да се знае дали потекнуваат од Кавадарци или се донесени од друго место.
За оваа година локалната самоуправа првично издвои триста илјади денари за хуман третман на кучињата скитници, за подоцна оваа сума да биде удвоена.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Македонските ракометари во група со силни противници на Светското 2027
-

Вучиќ: Наскоро поднесувам оставка, размислувам за кандидатура за премиер
-

Сиљановска Давкова: Освен уставните измени, Бугарите имаат барања поврзани со работата на историската комисија
-

Трамп: Денеска повторно силно ќе го нападнеме Иран
-

Шампионот Вардар казнет парично поради пиротехника од ФФМ
-

Уапсен разбојник од битолско, влегол во туѓ дом, го нападнал сопственикот и му одзел личен предмет
-

ЈП Лајка: Токсичниот инсектицид ланате е отровот што деца го пронајдоа во близина на детско игралиште во Кисела Вода, утврди Институтот за судска медицина
-

Приведени 23 возачи за безобѕирно управување возило, 21 возеле без возачка дозвола
