Октомври бил постуден и со повеќе врнежи од вообичаеното

Месец октомври годинава бил постуден и надпросечно врнежлив, покажува анализата на УХМР врз основа на многугодишните просечни вредности.
Средномесечната температура се движела од 6,7 степени во Маврово до 14 во Гевгелија. Споредено со просечните октомвриски средномесечни температури, за триесетгодишен период (1991-2020), овој октомври бил постуден за 1,8 степени, на ниво на држава.
Највисоката максимална температура, пак, е измерена на 24 октомври во Демир Капија и изнесувала 26,7 степени. Најниската минимална температура во текот на месецот е измерена во Берово, на 29 октомври и изнесувала минус три степени.
Во месец октомври 2025, месечната сума на врнежи варирала од 55мм во Берово до 151мм во Маврово.
Максимално дневно количество на врнежи од 55мм е регистрирано во Маврово.
Споредено со октомвриската просечна вредност за многугодишен период (1991-2020), измерената месечна сума на врнежи била 25 отсто над просечната.
МИА
Ново на Сител
-

Средба Мицкоски - Пленовиќ во Охрид
-

Заемот од 260 милиони евра на пленарна седница
-

ВМРО-ДПМНЕ: Само Филипче му верува на Радев дека уставните измени се последниот услов
-

Лакавица остана без род од овошките заради една ноќ со минусна температура
-

Нови напади САД-Иран среде преговори
-

Тема на денот со Љубомир Ѓурчевски
-

Се помалку надеж за мир
-

Пожар во поранешен „Декортекс“, изгореа машини и магацин
