Свет
31. March 2016 - 11:47

Оланд: Нема да го менуваме Уставот, жалам поради тоа

Францускиот претседател Франсоа Оланд по четиримесечна полемика по неговата најава за уставни промени со кои беше предвидено одземање на француското државјанство за терористите со двојно државјанство, се одлучи да ја повлече спорната уставна реформа, поради неизнаоѓање на потребното парламентарно мнозинство, јавува дописникот на МИА од Париз.

- Решив да ја затворам на уставната дебата, но јас нема да отстапам од обврските што ги презедов за да се осигура безбедноста на земјата, рече претседателот Оланд.

Тоа значи напуштање на реформата за лишување од државјанство на сите терорсти со двојно државјанство и внесувањето на вонредната состојба во уставот, за што требаше двата дома на парламентот да се состанат на Конгрес. Но по непоминувањето на реформата во Сенатот, каде мнозинството е на десницата, Оланд немаше друг избор.

За откажувањето од реформата, претседателот Оланд ја обвини опозицијата: Дел од опозицијата се спротивставува на секоја промена на Уставот. Јас длабоко жалам за овој став.

Тој, исто така, сака да потсети на „ефикасноста" на вонредната состојба и обврските кои се преземени за да се зголемат ресурсите на полицијата, жандармерија, војската, полицијата, царината и затворскатаа дминистрација.

Ако на почетокот предлого беше поздравен од сите политички партии, набрзо во редовите на самото владејачко мнзинство се кренаа гласови против, посебно делот со одземањето на државјанството, што доведе до владина криза и до излегување од владата на министерката за правда Кристиан Тобира.