Оланд: Русија може да се соочи со обвиненија за воени злосторства во Сирија
Францускиот претседател Франсоа Оланд сугерираше денеска дека Русија би можела да се соочи со обвиненија за воени злосторства поради бомбардирање на сирискиот град Алепо, нагласувајќи дека тоа судење може да се одржи пред Меѓународниот кривичен суд во Хаг.
Тој истакна и дека би можел да ја одбие средбата со рускиот претседател Владимир Путин, кој следната недела треба да ја посети Франција.
Русија минатата недела стави вето на француската предлог-резолуција во Советот за безбедност на ОН, со која се бара прекин на воздушните напади и воените летови над Алепо. Официјална Москва демантира дека извршила напади врз цивили, додавајќи дека нејзина мета се терористичките групи во Сирија.
- Има луѓе кои во денешно време се жртви на воени злосторства. Тие кои ги извршуваат мора да одговараат и тоа пред Меѓународниот кривичен суд. Доколку го примам Путин ќе му кажам дека тоа е неприфатливо и може сериозно да го загрози угледот на Русија, истакна Оланд.
Шефот на француската дипломатија Жан-Марк Еро денеска изјави дека ќе бара од Меѓународниот кривичен суд да покрене истрага за евентуални воени злосторства во Сирија.
Ново на Сител
-
Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, како последица на вирусот починале четири лица
-
ЈП Комунална хигиена - Скопје: Oтстранети диви депонии на пластичарска улица и во населбата Топаана
-
Претрес во Гевгелија, пронајдена дрога
-
АП Брера Струмица дебитира во младинската Лига на шампиони
-
Грција ќе забрани издавање нови дозволи за краткорочно изнајмување во центарот на Атина
-
Втор уписен рок за прва година на УКИМ, слободни места има на речиси сите факултети
-
Во Брисел продолжува дијалогот меѓу Белград и Приштина
-
Бразилски политичар удрил друг со стол за време на дебата