Оланд: Верден во исто време е и најлошо и најдобро

Францускиот претседател Франсоа Оланд и германската канцеларка Ангела Меркел денеска во Верден заедно ја одбележаа стогодишнината од една од најкрвавите битки од Првата светска војна, јави дописникот на МИА.
- Името (Верден) е симбол за незамислив ужас и апсурдност на војната, но исто така и за лекција на француско-германското помирување", изјави германската канцеларка во Градското собрание на Верден, прв прием на германски лидер во него.
Оланд наведе дека „Верден првпат не е потсетник за неговото минато страдање, туку за неговата порака на надеж“.
- Верден е град кој што го претставува најлошото, каде Европа се изгуби пред сто години, а исто така и најдоброто, каде што градот не бил во можност да се инвестира, да се обедини за мир и француско-германското пријателство. Да живее пријателството, духот на Верден ", заклучи Оланд.
Повеќе од триесет години, по ракување меѓу Франсоа Митеран и Хелмут Кол, пред костурницата на Дуамон на 22 септември 1984 година, францускиот претседател и германската канцеларка не сакаа да го повторат овој гест, кој стана ритуал на спомен на француско-германските средби.
Ново на Сител
-

Седум пожари на отворено, најкритично кај Велес
-

АСОМ ќе го оспори Законот за игри на среќа пред уставниот суд
-

Ќе има ли поевтина храна: Владата на разговори и со производителите и добавувачите
-

Протест на пелагониските земјоделци – „Државата ни должи 70 милиони евра“
-

Преглед на вестите од светот
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги блокира реформите
-

Одложено судењето за измами во ИПАРД програмата
-

Прилепскиот општински штаб за заштита и спасување активно се подготвува за сезоната на пожари
