-->
-->
Олга Попоска (77), прва василичарска кума на МОБ
-->
Олга Попоска (77), која престојува во Домот за стари лица „Резиденција Дабески", е овогодинашна кума на Македонската опера и балет. Таа на вчерашниот концерт по повод празникот Василица, кој традиционално се одржува во МОБ, имаше најмногу среќа да го земе лепчето со паричка.
Попоска зела две лепчиња, едно за цимерката во домот Дабески, која не била во можност да дојде на концертот, и едно за себе. Имала чувство дека во едно од двете лепчиња има паричка и среќата ја споделила најпрво со цимерката, а утрово и со сите во Домот.
Како награда од МОБ, Попоска ќе добие бесплатни билети за целата сезона на МОБ.
Оваа споделување на лепчиња во кои едно од нив има паричка претставува новина во МОБ, со најава дека ќе прерасне во традиција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Рокас: Политичките сили да се обединат за донесување на уставните измени
-
Ѓорѓиев: Дијалог постои, нова средба со историчарите кон крај на година
-
Македонија и Бугарија се договорија за железницата - ќе се ревидира проектот и цената за изградба
-
Обвинителството ќе ги проверува сертификатите на директорот на АНБ
-
Политичари без двојни државјанства
-
Државата ќе ја плаќа каматата за унгарскиот кредит за фирмите
-
Заврши „есенската кошница“
-
АХВ: Не постои сериозна опасност за ширење на птичји грип од скопско Злокуќани