-->
-->
Олимпијакос се избори за мајсторка со Анадолу Ефес
-->

Екипата на Олимпијакос се избори за решавачки петти меч против Анадолу Ефес во четвртфиналето на кошаркарската Евролига.
Составот од Атина синоќа на гостувањето во Истанбул го совлада Анадолу Ефес со 74:62 и го израмни резултатот на 2-2 во победи.
Со тоа Олимпијакос се избори за мајсторка и тоа пред својата публика, меч по кој ќе биде познат и последниот учесник на завршниот „фајнал-фор“ турнирот во Евролигата.
А, место во полуфиналето вчера изборија кошаркарите на Реал Мадрид кои до третата победа над Дарушафака стигнаа на теренот на противникот кого го совладаа со 89:78, за конечни 3-1 во победи.
Претходно поасман на ,,фајнал-форот" кој ќе се одржи во Истанбул обезбедија бранителот на шампионскиот трофеј ЦСКА Москва и Фенербахче.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Што значи стратешкиот договор меѓу Македонија и Хрватска
-

Тема на денот со Васко Наумовски, амбасадор и екс вицепремиер
-

Преглед на вестите од светот
-

Македонија и Хрватска станаа стратешки партнери
-

Пленковиќ и Мицкоски за евроинтеграциите
-

Собранието даде зелено светло за новиот заем од 260 милиони евра
-

Бензините од полноќ поскапуваат за половина денар, дизелот по иста цена
-

Нови напади САД - Иран среде преговори
