-->
-->
Оливие Веран: Да не се земаат антиифламаторни лекови, ако постојат симптоми на Ковид-19
-->

Францускиот министер за здравство Оливие Веран напиша на Твитер дека земањето антиинфламаторни лекови (ибупрофен, кортизон, …) може да биде фактор за влошување на инфекцијата со коронавирус, јави дописникот на МИА.
– Ако имате треска, земете парацетамол. Ако веќе сте на антиинфламаторни лекови или ако се сомневате, прашајте го за совет вашиот лекар, предупреди Веран.
Премиерот на Фрранција, Едуар Филип вчера најави забрана за собири на повеќе од 100 луѓе. Неколку музеи и забавни паркови се затворени, меѓу кои и Ајфеловата кула.
Во Франција од коронавирусот досега починаа 79 луѓе, најголем број се возрасни лица од над 80 години, а 3.661 се заразени, од кои 154 лица се уште се наоѓаат во сериозна состојба.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Сиљановска Давкова: не се оди надвор без да се постигне консензус дома
-

Тема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка
-

Нови апсења поврзани со проневера во „Државна лотарија“
-

Во четврток средба Муцунски – Петрова во Софија
-

Филипче: Сите лаги на Мицкоски се разобличени - ЕУ го потврди македонскиот идентитет
-

Поевтинуваат бензините и дизелот
-

Реформа на пензискиот систем веднаш – Фискалниот совет предлага повисоки придонеси и зголемување на пензии
-

Пензионерите добија три проценти повисоки пензии
