-->
-->
ОМВ: Ќе продолжиме да плаќаме за рускиот гас во евра, а не во рубљи
-->
– Австриската групација за нафта и гас ОМВ ќе продолжи да го плаќа рускиот гас во евра, а не во рубљи, изјави извршниот директор Алфред Стајн.
„Ова е основата на нашиот договор, не смеам да постапувам поинаку“, изјави шефот на австриската компанија во интервју за телевизијата Пулс24.
Тој рече дека ја видел објавата на рускиот претседател Владимир Путин во која се наведува дека „непријателските држави ќе го плаќаат рускиот плин во рубљи“.
„Никој се уште не ни се јавил, има и валидни договори во кои такво нешто не е вклучено“, изјави првиот човек на австриската компанија и додаде дека ќе чекаат евентуално известување.
Рускиот претседател вчера попладне на седница на владиниот кабинет најави промени во наплатата на гасот.
„Русија, се разбира, ќе продолжи да испорачува природен гас во договорениот обем и според договорените цени. Ќе се промени само валутата на плаќање, во руски рубљи“, рече Путин.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Злате Мехмедовиќ
-
Тошковски изненаден што нема притвор за екс директорот на ЕСМ
-
Мицкоски: Обвинителството да открие зошто сум бил следен
-
СДСМ бара оставка од членката на антикорупциска Данка Ристовска поради судир на интереси
-
Тошковски: Не е утврдена вина кај полицаецот од Куманово кој го симна албанското знаме
-
Што сработе МВР во 2024
-
На вонредна седница на Влада ќе ги замрзнеме цените ако има нагло поскапување, рече Дурмиши
-
Со пакет од четири закони до департизација на јавниот сектор