Oние кои прележале Ковид-19 засега не треба да се вакцинираат, вели Филипче
- Целосно е подготвен системот за вакцинација во однос на идентификувањето на критичните групи според приоритет. Направен е тој план, тоа се три групи – во првата лекарите, медицинските сестри, здравствените работници кои работат со Ковид пациенти, вработените во лабораториите. Понатаму штитениците на домовите за лица со посебни потреби и најстарите лица од возрасните групи над 70 години кои имаат коморбидитети, рече Филипче.
Во втората група, најави, се останатите здравствени работници, вработени во критична инфраструктура – наставниците, вработените во градинките, новинарите, и понатаму според приоритетите кои треба да се заштитат и другите пациенти од другите возрасни групи кои имаат хронични болести. Додаде дека целосно се подготвени и здравствените домови и центрите за јавно здравје ширум државата за да ги преземат и ги аплицираат вакцините по овој редослед.
Во однос на тоа дали ќе се вакцинираат лицата кои веќе имаат прележано, вели дека засега препораката е да не се вакцинираат.
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата