Онлајн-средба на Заев со претставници на Здружението на Горанците
Премиерот Зоран Заев имаше онлајн-средба со Един Бајрами, претседател на Здружението на Горанците во Македонија и со претставници на здружението, на која, како што информира владината Прес-служба, се поздравени политиките на премиерот Заев и на Владата за концептот „Едно општество за сите граѓани“.
– Претседателот и членовите на Здружението на Горанците, за кое е соопштено дека е формирано пред две години во нашата држава, информираа дека имаат претставници од Горанците во нашата земја, но и од Косово и од Албанија, и изразија определба за активен придонес во реформските процеси во државата. Тие информираа дека како луѓе од еснафот, главно угостители и занаетчии, во време на пандемијата имаат организирано хуманитарни активности со поделба на оброци за припадници на МВР, на мигранти и на деца без родители и дека ќе продолжат да дејствуваат во оваа хумана насока, соопшти владината служба за информирање.
Исто така, на средбата беа истакнати и неколку културно-уметнички проекти, на чиишто подготовки веќе работи здружението.
– Горанците се одговорни и лојални граѓани на нашата држава и треба да бидат поддржани во изразениот интерес да придонесат во политиките и активностите за доброто на државата, рече премиерот Заев.
На средбата е договорено во следниот период да се работи на поголема вклученост на Горанците во општествено-политичкиот живот во земјава, како и за поддршка на посочените проекти од областа на културата.
Ново на Сител
-
Истрагата за Димитровска е силен удар за угледот на Антикорупциска, велат познавачите
-
Tема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Меѓународна конференција на Алкалоид за меѓународниот патент - „Омепразол“ во течна форма
-
Претседателката на Антикорупциска не доаѓа на работа
-
Вооружена престрелка на Бит Пазар - едно лице тешко повредено
-
Филипче не е изненаден од превирањата во Вреди и Владата
-
Средба Муцунски – Ибрахимовиќ : Успехот на било која земја од регионот е добра вест за сите
-
Подготовките за локалните избори во полн ек