Опаѓање на дневните температури претстојната седмица, позначително од среда
Опаѓање на дневните температури во претстојната работна седмица, со позначителен пад од среда, прогнозира Управата за метеоролошки работи.
Утре ќе се задржи сончево и топло, а во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.
-Во деновите потоа ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи. Наместа ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град. Позначителен пад на температура ќе има од среда, соопшти УХМР.
Максималната температура утре ќе достигне 39 степени, во вторник 38, среда 37, во четврток 36 и во петок 34 степени, а в сабота повторно ќе се зголеми на 36 степени. Во четврток и петок понизок ќе биде УВ-индексот и ќе има вредност 7, а во останатите денови од работната седмица ултравиолетовото зрачење ќе има вредност 8.
Ново на Сител
-
Средба Мицкоски - Макрон
-
Квалитетот на високото образование зависи само од политичката волја во државата
-
Тема на денот со Марко Бислимовски, претседател на РКЕ
-
Преглед на вестите од светот
-
Орбан домаќин на европските лидери – Мора да се прилагодиме на новата реалност по победата на Трамп
-
Кос бара уставни измени
-
Камала Харис го призна поразот: Веќе се „крчка“ кабинетот на Трамп
-
Опозицијата се уште зборува за предвремени избори