Опасност за можен терористички напад во Грција

Властите во Грција стравуваат за можен нов терористички напад, откако вчера две лица со мотоцикл фрлија рачна граната врз француската амбасада во Атина.
Во нападот, еден од полицајците бил полесно ранет.
Се забележува дека инцидентот се случи неколку денови пред планираната, за 15 ноември, посета на американскиот претседател во заминување Барак Обама во Грција.
Извор од полицијата, цитиран од весникот „Прото тема“ предупредува, дека следните денови во кои треба да се случи посетата на Обама и годишнината од Атинската Политехника можат да бидат искористени како повод од страна на вооружените групи, со цел да ги засилат активностите.
Грчките антитерористи сметаат дека вчерашниот напад врз француската амбасада била добро организирана операција од искусни терористи и дека зад него веројатно стои терорстичката организација „Група на народни борци“.
До сега, никој не презеде одговорност, но полицијата очекува некој тоа набрзо да го стори.
Ново на Сител
-

Работниците на протест за поголеми плати
-

Тема на денот со Марко Трошановски, претседател на Институт за демократија
-

Преглед на вестите од светот
-

Поминаа измените на Кривичниот законик за членот 353, гласаше и СДСМ
-

ОЈО отвори предмет по ревизорски извештај за Општина Охрид
-

Имало пријави за судијата Ристов во Судскиот совет, но Камбовски не се сеќава на наводи за мито
-

Секој втор функционер кој има фирма ја сокрил сопственоста од институциите
-

Над 70 проценти од граѓаните подржуваат членство во ЕУ
