Балкан
8. December 2021 - 10:22

Операција против организиран криминал во Република Српска: Претреси на 50 локации, 19 уапсени

Од утрово во Република Српска се спроведува големата акција на МВР на РС и Агенцијата за истрага и заштита на БиХ (СИПА). Во тек се претреси на 50 локации, а 19 лица се уапсени.

Акцијата се спроведува по налог на Обвинителството на БиХ.

Станува збор за акција „Сториџ 2“ и е насочена кон разбивање на организираниот криминал во врска со недозволено производство и трговија со дрога, оружје и трговија со луѓе.

Акцијата се спроведува на подрачјето на Бања Лука, Градишка, Бјелина, Добој и Нови Град.