Опомени за неплатени сметки од кумановски „Вододвод“

Инкасаторите на кумановски „Водовод“ во текот на оваа недела ќе започнат со дистрибуција на опомени за граѓаните кои не ги платиле сметките за вода за претходните месеци, соопшти денеска директорот на ЈП „Водовод“ Горан Стојковски. Финасиските резултати на претпријатието покажуваат намалена наплата на сметки за вода кај физичките лица за јануари годинава и за декември 2015-та година.
- Специфично е што за јануари годинава приливите се за милион денари пониски во однос на истиот месец претходната година и за два милиони денари помалку во однос на 2014-тата година, изјави Стојковски.
Граѓаните, изјави Стојковски, плаќаат се друго, освен сметки за вода кои ги ставаат на последно место. Аларамантно според него, е неплаќањето на сметките за вода и во декември кога традиционално граѓаните ги „чистат“ долговите.
- Со послаба наплата се доведува во прашање реализација на нашите проекти и заложби. Нема веднаш да се оди со судски наплати, затоа се одлучивме преку опомени и можност за плаќање на рати, изјави Стојковски.
На годишно ниво ЈП „Водовод“ лани остварил 2,5 милиони денари повеќе по основ на наплата на сметките кај правните и физичките лица, што е за 15 отсто повисок приход во однос на 2015-тата.
- Посебно сме задоволни од континуитетот на плаќање кај правните лица каде што е евидентирано зголемено факутрирање и наплата, рече Стојковски.
„Водовод“ кон правните лица на месечно ниво фактурира околу 4 ,а наплатата е 3,5 милиони денари, додека кај физичките лица, претпријатието просечно фактурира 13, додека наплатата е околу 7 милиони денари или околу 50 проценти. Според Стојковски, ова е просек на наплата на вода на државно ниво.
Ново на Сител
-

Дрвокрадците пустошат - Надлежните најавија засилени контроли
-

Преглед на вестите од светот
-

„За влакно избегнавме трагедија“ - улични кучиња нападнале мајка и дете во Скопје
-

Тема на денот со Виктор Митевски, извршен директор на ЗМАИ
-

ДИК со првични официјални резултати: Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ прв со 2945 гласови, втор Јахиј од НАИ со 2152 гласа
-

Политички реакции по првиот круг во Брвеница
-

МНР: Навредливи и провокативни се изјавите на Демерџиев и Радуков за Ива Михаилова
-

Правосуден испит на албански или нови протести
