-->
-->
Опожарена канцеларија во Градската општа болница „8 септември“
-->
Канцеларија во која се чувал архивски материјал во Градската општа болница „8 Септември“ е опожарена ноќеска, но нема повредени лица. Причинета е само материјална штета.
Од Министерството за здравство информираат дека други простории не се зафатени со пожарот.
Пожарот е изгаснат од страна на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје од каде за МИА изјавија дека интервенирале со две возила и пет пожарникари. Пријавен е во 22:20 часот и благодарение на брзата интервенција на Противпожарната единица не е дозволено да биде проширен во околните простории.
Причините за пожарот ќе бидат утврдени од страна на надлежните институции.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кузеска: ВМРО-ДПМНЕ нема капацитет да преговара со Бугарија
-
Валандовец запалил возило на сограѓанин
-
Вечерва во прекин сообраќајот на патниот правец Куманово – Лопате
-
Краделе од нива, приведени три лица од Кавадарци
-
Детали: Го бодел по главата и вратот, ножот се скршил па го удирал со дршката
-
На „Табановце“ уапсен кочанчанецот кој изврши обид за убиство
-
Анчелоти: Сосиедад одигра многу добро
-
Меси се врати во игра и постигна два гола за успех на Интер Мајами