Македонија
26. March 2021 - 8:34

Опожарени се две паркирани возила на паркинг пред хотел во Охрид

Вчера вечер биле опожарени две паркирани возила на паркинг пред познат хотел во Охрид, јавува порталот „Њуз1“.

Противпожарната служба на охрид го изгасила огнот, а инцидентот се случил во време на полициски час.

На местото на пожарот во моментов увид врши СВР Охрид.

Како што пишува порталот, во инцидентот нема повредени, а причинета е материјална штета.

 

Пожар избувна во две паркирани возила на паркинг пред хотел во Охрид https://news1.mk/archives/23521

Posted by News1.mk on Thursday, March 25, 2021