Македонија
14. May 2022 - 19:40

Опозицијата најавува нови чекори за предизвикување предвремени избори

Мицкоски го свикува Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ за да ги официјализира следните чекори кои ќе ги преземе опозицијата за да предизвика предвремени парламентарни избори. 

Опозицискиот лидер денеска порачува дека неговата партија нема да остане само на активната блокада на Собранието.

Кои ќе бидат следните чекори, во ВМРО-ДПМНЕ се уште не откриваат. Велат дека се задоволни од ефектите на активната блокада и дека планот за краток пат до избори туку што почнува да се развива. 

За разлика од опозицијата, Премиерот вели дека Собранието функционира и покрај тоа што единственото нешто што мнозинството успеа да го усвои е дневниот ред за 71 седница и да се усогласат предлози за уставни судии, процес кој опозицијата не го блокираше. Тој и денеска порача дека блокадите во време не криза се неодговорен потег.

Но и самото усвојување на дневниот ред го проследи скандал откако во јавноста се објави видеото на спикерот Џафери на кое може да се слушне недоличен говор. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека се срами што го познава Џафери.

Премиерот и денеска одби да го коментира испадот на Џафери.

За скандалозниот однос, втор ден молчи и спикерот Џафери но и неговата партија ДУИ.