Опозициски протест пред Парламентот на Црна Гора

Пред зградата на црногорското Собрание, кое денеска треба да одлучи за одземањето на имунитетот на лидерите на опозицискиот Демократски фронт, Андрија Мандиќ и Милан Кнежевиќ, кои се сомничат дека се вмешани во организирање на терористички напади во текот на изборната ноќ минатата година, се собрани лидерите и симпатизерите на движењето.
Тие со навредливи повици ги дочекале пратениците на владејачката коалиција на влезот во парламентот.
Имено, опозицијата ја бојкотира работата на Парламентот од вонредните парламентарни избори на 16 октомври минатата година.
Дел од булеверот „Свети Петар Цетински“ е затворен за сообраќај.
Пред зградата на Парламентот се Мандиќ и Кнежевиќ, а пратеникот на Демократскиот фронд Славен Радуновиќ им се заблагодари на опозициските колеги кои изразиле солидарност кон собирот.
- Прифативме да не навлегуваме во понатамошите игри со Мило Ѓунакановиќ и да ги бојкотираме изборите во Никшич. Не сакаме да се однесуваме како да е во Црна Гора се нормално, а знаеме дека се воведува диктатура, нагласи Радуновиќ.
Откако Административниот одбор на Собранието на Црна Гора во понеделникот одлучи да го укине имунитетот на Мандиќ и Кнежевиќ, опозицијата одлучи да ги бојкотира локалните избори во Никшич, закажани на 12 март.
Во Подгорица е забележано зголемено присуство на припадници на полицијата, посебно во центарот и околу собранието, каде уште вчера е поставена заштитна ограда.
Мандиќ и Кнежевиќ се сомничат за кривични дела за создавање на криминални организации подготвување на дела против уставното уредување и безбедноста на Црна Гора, извршени по пат на поттикнување на вршење на кривични дела на тероризам.
Според наводите на главниот Специјален обвинител, постои основно сомнение дека Мандиќ и Кнежевиќ извршиле кривични дела со кои се теретат, бидејќи станале членови на криминалната организација кој во 2016 година ја основале Едуард Широков и Владимир Попов, со цел вршење на кривични дела тероризам и други кривични дела.
Мандиќ и Кнежевиќ, се наведува, дека прифатиле да постапуваат според налагањата на организаторите на криминалната организација, да организираат протестни собири кои ќе бидат искористени за напад на собранието од членивите на криминалната организација, а за кои претходно било обезбедено оружје.
Ново на Сител
-

Трамп: Израел и Либан се согласија на десетдневен прекин на огнот
-

Ѓорѓиевски: Започна процесот на одгасување на Вардариште, чекор поблиску до најголемиот мега-парк
-

Возач на камион под дејство на алкохол предизвикал сообраќајна несреќа со материјална штета кај Солун
-

Во февруари најмногу странски туристи од Турција, Грција, Србија и Германија
-

Собранието до 20 јули ја продолжи кризната состојба поради ризици во снабдувањето со нафта и нафтени деривати
-

21-годишник објавил слики и видеа од возилата АРМ, кривична за нарушување воена безбедност и тајност
-

Напаѓачот што уби девет луѓе во југоисточна Турција дејствувал сам
-

Во Сараево евакуирани два трговски центра поради дојава за поставени бомби
