Македонија
4. јуни 2026 - 12:15
Определен 30-дневен притвор за Стефан Богоев и уште три осомничени лица
Стефан Богоев и уште три лица добија 30 дневен притвор. Одлуката ја донесе синоќа судија на претходна постапка при основниот кривичен суд скопје, постапувајќи по предлог на ОЈО ГОКК.
Мерката е определена заради постоење на основите од член 165 став 1 т.1 и т.2 од зкп, а против овие решенија странките имаат право на жалба пред кривичниот совет. Поранешен директор на царина, Стефан Богоев, и уште тројца се осомничени во случајот со наводно наместен тендер за чистење на гранични премини и терминали.
-->
-->
