Општина Аеродром ги избра добитниците на субвенции за велосипеди, инвертери и печки на пелети
Општина Аеродром ги избра добитниците на субвенции за набавка на велосипеди, инвертер-клими и печки на пелети по јавните повици што беа објавени на крајот од септември.
На јавниот повик за набавка на велосипеди се пријавија вкупно 303 жители на Општина Аеродром, од кои 287 беа со уредна документација и ќе добијат средства. За набавка на инвертер-клими, од 42 пријави, условите ги исполнија 19 домаќинства, додека за набавка на печки на пелети субвенции ќе добијат тројца пријавени, а еден не ги исполнил бараните услови.
Во истиот период Општина Аеродром објави и јавен повик за субвенционирање чистење оџаци, но немаше ниту една пријава.
Добитниците на субвенциите ќе бидат писмено известени, а паричните средства ќе им бидат исплатени до крајот на ноември или на почетокот на декември.
Општина Аеродром оваа година за субвенциите издвои вкупно 1.100.000 денари од својот буџет.
Ново на Сител
-
Прогласен крај на епидемијата на мали сипаници
-
Стоилковски: Филипче е одговорен за уништување на инсулин со валиден рок
-
Амандманите на ДУИ за Изборниот законик прва конфронтација во коалицијата со СДСМ
-
Максим Ацевски избран за главен државен ревизор
-
Асфалтирана десната страна од проширениот булевар „АСНОМ“ во Скопје
-
Во Карпош ќе се воведува зонско паркирање?
-
Спасовски: Само добро опремена полиција може да гарантира безбедност на границите
-
Субвенции за нови возила со ЕУРО5 или повисок стандард за сите