Општина Аеродром ги повикува жителите да пријават штети од излевањето на Маркова река во Горно Лисиче

По обилните дождови во изминатите денови, од своето корито се излеа Маркова Река, при што се поплавени и делови по течението во Горно Лисиче.
Веднаш по излевањето беше ангажирана механизација што работеше на одводнување на коритото на реката и на заштита од евентуални поплавувања на објектите за домување.
В.д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, веднаш стапи во контакт со Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), МВР и АД Водостопанство, чии претставници излегоа на терен и ги презедоа сите неопходни мерки за превенција со цел да се спречи поплавување на домовите што се наоѓаат во близина на текот на реката во Горно Лисиче. Екипите се постојано на терен и ја следат ситуацијата.
Според информациите од терен, нема нанесени штети на куќи, но се поплавени неколку магацини и земјоделски објекти, како и дел од полето во Горно Лисиче.
Оттука, Општина Аеродром ги повикува жителите што имаат имот во поплавеното подрачје да ги пријават материјалните штети со поднесување пополнет образец во Архивата на Општина Аеродром или во Урбаната заедница во Горно Лисиче, секој работен ден од 8:00 до 15:00 часот.
Рокот за поднесување на пријавите трае десет работни дена од денот на излевањето на Маркова Река што се случи на 1 април (вторник), односно повикот ќе трае заклучно со 14 април (понеделник).
Образецот може да се најде на овој линк: http://aerodrom.gov.mk/dokumenti/formulari, како и во Општина Аеродром или во Урбаната заедница во Горно Лисиче. Покрај пополнување на ова барање, подносителите треба да достават важечки документ за идентификација, доказ за сопственост (копија од имотен лист), како и фотографии од локацијата по претрпената штета.
Ново на Сител
-

Државниот врв на традиционален прием кај поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан
-

Протести ширум САД во знак на солидарност со жртвата на инцидентот во Минеаполис
-

Трамп: Мачадо следната недела ќе дојде во Вашингтон
-

Славески: Инфлацијата ќе се движи по патека на надолно приспособување и ќе има натамошен економски раст со солидно закрепнување
-

ЦУК: Поради поплавите предизвикани од поројните дождови, во Кочанско и Охридско се интервенира со механизација
-

Најстудено утрово на Попова Шапка, -11 степени
-

Јанчев: Зимската служба до доцна вечерта обезбедуваше услови за побезбеден сообраќај
-

Триумф на македонските ракометари во дуелот со Бахреин
