Општина Аеродром се вклучи во одбележувањето на Денот на европска соработка
Општина Аеродром се вклучи во одбележувањето на Денот на европска соработка преку настани организирани од Центарот за климатски промени и Министерството за животна средина и просторно планирање.
Како што информира општина Аеродром, петтооделенци од училиштето „Александар Македонски“ ја посетиле станицата за мониторинг на квалитетот на воздухот во населбата Лисиче. Тие се информирале на кој начин се мерат загадувачките супстанци и како овие податоци се пренесуваат во центрите задолжени за нивна обработка. Учениците од ОУ „Блаже Конески“ посетиле погон на фабрика, каде освен со процесот за производство на чаеви се запознале и со историјатот на бар кодовите.
Одбележувањето на Денот на европска соработка се организира седма година во цела Европа во координација на Европската комисија за соработка со Комитетот на регионите и Европскиот парламент. Целта на оваа кампања е да се презентираат достигнувањата на соработката меѓу европските држави и региони пред пошироката јавноста.
Фотографиите и видео материјалите од настаните ќе бидат прикажани на завршниот настан на 12 октомври во Дојран во организација на Министерството за локална самоуправа.
Ново на Сител
-
Костадиновски: 33 години од донесување на првиот Устав, овој ден нека е потсетник на обврската да се сочува системот на вредности
-
Двајца жители на Чашка приведени од полицијата поради напад врз полициски службеници
-
СВР Скопје расчисти убиство во обид, поднесена е кривична пријава против едно лице
-
Министерката за образование и наука го честита Меѓународниот ден на студентите
-
Гостиварец физички ја нападнал сопругата, следува соодветен поднесок
-
Герасимовски: Повторен вандализам во Капиштец, обиен багер
-
Израел ги обнови нападите врз Бејрут, погодени станбени области
-
Опожарено возило во Штип