Општина Аеродром: Учениците од основните училишта од среда ќе добиваат топол оброк
Од Општина Аеродром информираат дека учениците од основните училишта на територијата на оваа општина од среда ќе почнат да добиваат топол оброк.
Градоначалникот Златко Марин се сретнал со директорот одговорен за спроведување на набавката за исхрана на сите училишта, кој го известил дека е избрана фирма за подготовка на топол оброк за учениците.
Од општината информираат дека родителите на учениците оваа година ќе плаќаат поголема сума за разлика од минатата година.
– Инаку, претходно од Управата за јавни приходи е добиено известување дека данокот оваа година ќе изнесува 18 отсто, за разлика од минатата година, кога родителите плаќаа по 5 отсто, така што цената за топол оброк ќе биде зголемена. Со цел да им излеземе во пресрет на родителите, донесов одлука разликата во цената да се субвенционира од општинскиот буџет за 2020 година, што значи дека и оваа година родителите ќе плаќаат иста сума како и минатата година, односно 1.500 денари месечно, истакнал градоначалникот Марин.
Ново на Сител
-
Започна новата академска година – Си ја гледаат ли бруцошите иднината во Македонија?
-
Преглед на вестите од светот
-
Прв академски час на универзитетите
-
И синдикатите и газдите не се задоволни
-
Јаневска: Ќе го подигнеме студентскиот стандард
-
Преглед на вести од светот
-
Обвинет за убиствата на Вања и Панче е во болница, неизвесно е дали ќе има судење
-
Стримичани вода за пиење ќе добиваат преку цистерни и канистери