Општина Битола обезбеди финансиска поддршка за лица со ретки болести
Општина Битола обезбеди средства со цел покривање патни трошоци до здравствени институции надвор од Битола и поддршка за надминување на секојдневните предизвици со кои се соочуваат лицата со ретки болести, а се наоѓаат во незавидна социјална и здравствена положба.
Од секторот за односи со јавност потсетуваат дека социјалната мерка почна да се применува од 2023 година, на предлог на градоначалникот Тони Коњановски и се реализира трета година по ред со која Општина Битола издвојува по еден милион денари за финансиска помош која системски e вклучена во Програмата за социјална заштита на Општина Битола.
Во Општината регистрирани се околу 30 лица со ретки болести, а локалната самоуправа ќе продолжи активно да ги поддржува, како преку конкретни мерки, така и преку поддршка на нивните иницијативи, а нивна задача е да се пријават на јавниот повик кој е во тек, посочуваат од тамошната локална самоуправа.
За искористување на финансиската поддршка, лицето треба да биде регистрирано како лице со ретка болест согласно дијагноза и критериуми утврдени од Министерството за здравство и да е жител на Општина Битола.
- Јавниот повик останува отворен во текот на целата година, до целосно искористување на средствата, исплатата ќе се врши двапати годишно, во јули и декември, а едно лице може да добие финансиска поддршка еднаш годишно, во максимален износ од 30.000 денари, соопштија од Општина Битола.
Ново на Сител
-
На скопската брза помош и треба итна помош за вработувања
-
Џеј Ди Венс: Најголемата закана за Европа доаѓа од внатре
-
Тема на денот со Тоше Зафиров, политиколог
-
Таравари бара во пакет со симболите да се решат и етнички прашања, за ВМРО-ДПМНЕ на маса е само промената на грбот
-
Стартува Минхенската конференција - Ќе донесе ли трајно решение за руско-украинската војна?
-
Голем интерес од банките за кредитите преку Развојната банка
-
Прва средба на Муцунски - Георгиев утре во Минхен
-
Правда ја почна постапката за разрешување на Коцевски