Oпштина Бутел ќе избира најубаво украсен двор

Општина Бутел петта година по ред ќе избира најубаво украсен двор по повод новогодишните и божиќните празници.
Од Општината соопштија дека со изборот сакаат дополнително да ги мотивираат граѓаните, нивните дворови и куќи да заблескаат за време на претстојните празници.
Пријавувањето на празнично украсените дворови и куќи, граѓаните можат да го направат на шалтерот 1 во општина Бутел, на телефоните: 2616-868 и 2600-507 лок: 127, како и на меил адресата: portparol_butel@yahoo.com.
Во пријавите граѓаните треба да остават лични податоци (име и презиме), адреса и контакт телефон, најдоцна до 28 декември.
Потоа, комисија составена од повеќе членови од општинската администрација ќе ги посети пријавените, по што ќе бидат избрани и прогласени трите најубаво украсени куќи и дворови, што ќе бидат соодветно наградени.
Наградите за најубаво „раскажаните“ новогодишни бајки со помош на украси и светилки, ќе бидат доделени на 5 јануари. Наградите ќе ги врачи градоначалникот на општина Бутел, Петре Латиновски.
Ново на Сител
-

Италија воведе забрана за бурки и никаби во училиштата – казни до 1.000 евра
-

Прв академски час на УКИМ - почнува студиската 2026/2027 година
-

Најладно во Берово, утрово измерени -2 степена
-

Нетанјаху го нарече „херој“ пилотот по нападот во кокпитот на „Флај Дубаи“
-

Почнува зимското работно време на паркизите на ЈП Градски паркинг - Скопје
-

Трамп: Војната ќе заврши многу брзо, САД имаат целосна контрола врз Ормуз
-

Илон Маск влегува во Пентагон: Ќе ја креира иднината на војувањето
-

Ведро и студено утро и сончево преку денот
