Општина Чаир се збратимува со американскиот град Стаунтон
Градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу објави дека општината се збратимува со американскиот град Стаунтон во државата Вирџинија.
На посебна седница на Собранието на Стаунтон организирана во чест на посетата на градоначалникот Ганиу, усвоена е резолуција за официјално започнување на соработката на двете општини.
– Делегацијата која ја предводеше градоначалникот на Општина Чаир го одбра градот Стаунтон бидејќи тоа е родното место на претседателот Woodrow Wilson, еден од најзначајните личности на американската политика кој се бореше за правата на помалите држави на Балканот, се вели во соопштението од општина Чаир.
Оттаму информираат дека делегација на Стаунтон на 21 овој месец ќе ја посети општина Чаир и ќе биде поставена статуа на претседателот Вилсон во знак на благодарност и почит кон неговата личност и дело.
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости
-
Мицкоски и Меџити го обвинуваат ДУИ за притисоци кон гласачи, Џафери на партиски настан во владиниот мерцедес
-
Парламентарни избори 2024
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ