Македонија
10. October 2016 - 17:53

Општина Дебар против одлуката на ДУТ за затворање на дисперзираните студии

Претседателот на Советот на општина Дебар, Башким Машкули на денешната прес конференција остро реагираше во врска со одлуката на Сенатот на Државниот универзитет во Тетово, за затворање на дисперзираните студии во Дебар.

Машкули нагласи дека Дебар, како една од трите општини потписнички за основање на Универзитетот во 2004 година заслужува и понатаму да функционираат дисперзираните студи.

- Ова е голема неправда за Дебар и дебрани. Бараме Сенатот на ДУТ веднаш да ја повлече одлуката. Општината има инвестирано 300 илјади евра, а на располагање отстапи и повеќе илјади метри кавадратни земјиште, рече Машкули.

Поради нефункционирањето на диспрзираните струдии во Дебар, голем број матуранти останаа дома, бидејќи немаат средства да го продолжат школувањето, рече Машуки.

Тој најави дека доколку под итно Сенатот не ја поништи одлуката, ќе бидат превземени други активности, меѓу кои и протести.

Првата академска година во Дебар почна во 2011 година,со група англиски јазик и физиотерапевти.