Општина Делчево со парична поддршка за првороденото новороденче во 2025 година
Градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски денеска го посети домот на првороденото новороденче во 2025 година во Делчево. На малиот Миха кој е првородено дете во семејството Калаџиски Општината му додели 10.000 денари парична поддршка.
- Малиот Миха е роден на 1 јануари 2025 година во Скопје, а тој е и првородено дете во семејството на Стефанија и Мартин Калаџиски. Традиционално, му доделивме 10.000 денари, а на семејството Калаџиски им ја честитавме радоста, истакна Трајковски.
Посака малиот Миха да има среќно и безгрижно детство и да донесе многу радости на неговите родители.
- Продолжувајќи ја традицијата, Општина Делчево доделува 10 илјади денари за првороденото во Делчево. Инаку, Општина Делчево за новороденчиња во Општината исплаќа по 3 илјади денари еднократна парична помош и 10.000 денари за првото новородено во годината, дополни Трајковски.
Ново на Сител
-
Македонија е подготвена за преговори со ЕУ – порака од меѓународната Паневропска унија
-
Со фалц документи тргувале со нафта на големо
-
Обвинение за членови на група за проституција и дрога, вмешан и полицаец
-
Матичните лекари бележат зголемен број на болни од грип и други респираторни инфекции
-
Уметност без пари
-
Две тукушто родени близначиња починаа во Прилеп
-
Николоски: Нова евтина авиолинија
-
Дел од маркетите замрзнаа цени на основни производи во наредните шест месеци