Македонија
4. January 2020 - 13:19

Општина Гевгелија на три студентки по медицина им додели стипендии

Согласно донесената одлука од страна на советниците,Општина Гевгелија додели стипендии на три студентки по медицина од прва година кои студираат на Медицинските факултети во Скопје и Штип.

Стипендиите во износ од по 6.000 денари месечно,во учебната 2019/2020 година ќе ги користат Катерина Узунова од Негорци и Љубица Калинова од Гевгелија,кои студираат на Медицинскиот факултет во Штип и Елена Василева од Гевгелија, запишана на Медицинскиот факултет во Скопје.

Договорите со корисничките на општинските стипендии ги потпиша градоначалникот Сашо Поцков кој им посака многу успех во натамошното студирање.

Во оваа прилика Поцков нагласи дека општина Гевгелија ќе продолжи да ги стипендира студентите кои се пријавија на огласот и ги исполнија бараните услови и дека со оваа практика ќе настојува да е зголеми бројот на лекари по општа медицина во општината.