Општина Карпош: Детето од „Владо Тасевски“ има шуга поради недоволна семејна грижа за личната хигиена
Откако во медиумите излегоа информациите дека во скопското основно училиште Владо Тасевски повторно се појави шуга , Општина Карпош излезе со соопштение во кое наведува дека нема простор за паника бидејќи станува збор за едно дете, а како причина за шугата наведуваат недоволна семејна грижа за личната хигиена.
- За Во основното општинско училиште „Владо Тасевски“, во Козле, Општина Карпош евидентиран е еден, изолиран случај на SCABIES – шуга.
Инфективното заболување е присутно кај едно лице - ученик од второ одделение, а заради превентивни причини, сите ученици од утринава се ослободени од настава.
Сакаме да ја известиме јавноста, учениците и сите родители дека нема простор за паника. Кај ниту еден друг ученик не се појавени симптоми на ова заболување, а во изминатиот период, Општина Карпош направи редовна дезинфекција на училиштето. Во текот на денешниот ден ќе се направи уште една, вонредна дезинфекција.
Изолираниот случај на шуга, по втор пат се појавува кај истиот ученик, поради недоволна семејна грижа за личната хигиена.
Одделението за детска, социјална и здравствена заштита при Општина Карпош и Центарот за јавно здравје веќе се во комуникација со матичниот лекар, специјалист – дерматолог кој констатирал SCABIES кај ученикот.
Редовната и непречена настава во училиштето ќе продолжи во понеделник, 19.11.2018 година, стои во соопштението на Општина Карпош.
Ново на Сител
-

Судијата Кацарска на меѓународна конференција во Црна Гора за европската интеграција, владеење на правото и ВИ во судството
-

МВР со засилени контроли: Ќе се казнува користење мобилен телефон додека се вози
-

МЗ: Се очекува вакцините против грип да бидат обезбедени во текот на месецов
-

Во септември во Скопје заловени 172 кучиња од улица, 124 кастрирани и стерилизирани
-

Средба на Сиљановска-Давкова со претставнички на Здружението „Јас Сум Жена“
-

Македонија, Србија, Грција и Бугарија ги интензивираат регионалните енергетски врски и новите коридори за снабдување
-

Светската банка ја зголеми прогнозата за раст на македонската економија на 3,2% за 2026 година
-

Белодробна чума?: Мистериозна смрт на вработена во анти-чума лабораторија во Иркутск
