Општина Карпош ќе воведе хумани патроли за грижа за највозрасните жители
Проектот за хумани патроли ќе овозможи зголемена грижа и нега за највозрасните, изнемоштени лица, домашни посети и медицинска поддршка, рече градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев, на предновогодишна дружба со здруженијата на пензионери од општината. Локалната самоуправа за овој проект аплицирала до Министерството за труд и социјална политика и во 2020 година се очекува негова реализација.
Како што соопшти Општина Карпош, на средбата со градоначалникот и советниците, пензионерите го поздравиле враќањето на спортска сала „Партизан“ во владение на Карпош, затоа што за тој објект имаат убави сеќавања од младоста.
Градоначалникот Богоев најавил и отворање два нови пензионерски клуба. Им посакал на пензионерите среќни празници и мирна година, исполнета со здравје, среќа и благосостојба и истакнал дека Општината ќе продолжи да биде партнер на највозрасните.
Ново на Сител
-
Претседателски избори 2024
-
Годишнина од масакрот во училиште во Белград
-
Парламентарни избори 2024
-
Правoславните христијани го одбележуваат Велики петок
-
Денес е Велики петок - Охрид во очекување на Христовото воскресение
-
Финишира предизборната кампања
-
Скапа ќе биде велигденската трпеза
-
Преглед на вестите од светот