Општина Кавадарци донираше ЦТГ апарат за Гинеколошкото одделение
Општина Кавадарци денеска донираше ЦТГ медицински апарат на Гинеколошкото одделение при Општата болница во Кавадарци. На донацијата и претходеше одлука на Советот на општината, а апаратот го предаде градоначалникот Александар Панов.
- Општина Кавадарци секогаш помагала на Општата болница и Здравствениот дом и овој тренд го продолжуваме. Имаме уште неколку други донации, меѓутоа за тоа ќе зборуваме тогаш кога ќе заврши постапката, изјави градоначалникот, нагласувајќи дека во болницата континуирано инвестира и Министерството за здравство.
Благодарност за донацијата изрази директорот на болницата Орцо Ангеловски, кој посочи дека општината и Министерството за здравство редовно донираат медицинска опрема во оваа јавна здравствена установа. Најави дека и во иднина очекуваат Министерството да донира нови апарати во болницата.
Началникот на Гинеколошкото одделение, Бранко Поповски појасни дека станува збор за апарат со кој ги следат трудниците на крајот од бременоста или во тек на самото породување.
- Таквите апарати се неопходно потребни во оваа нова технологија сега, за да се следи кондицијата и состојбата на плодот. И досега имавме вакви апарати, но неопходно е секогаш да имаме нови апарати, кои се неистрошени и попрецизни, нагласи Поповски.
Ново на Сител
-
По сообраќајката нормализиран сообраќајот на патниот правец Кичево - Гостивар
-
Суспензии и парични казни за Работнички и МЗТ Скопје Аеродром
-
Застапувал странки иако адвокатската функција му била во мирување, кривична за охриѓанец
-
Три вработени во ЈСП Скопје обвинети за проневера од 23 милиони денари
-
Уапсен Илир Мета, поранешен претседател на Албанија и лидер на Партијата на слободата
-
Министерот Трипуновски потпиша договор со Управата за хидрометеоролошки работи за користење на финансиска поддршка од 1.000.000 денари
-
Околу двесте лица вакцинирани од утрото во поликлиника „Бит Пазар“
-
Трамп за Волстрит Журнал: На Путин му реков дека ќе го гаѓам центарот на Москва доколку ја нападне Украина