Општина Кавадарци ќе одвои 900 илјади денари за невладините организации
Општина Кавадарци ќе издвои 900 илјади денари од буџетот за финансирање на активности на невладините организации и фондации.
Раководителот на Секторот за локален економски развој Тодор Ефремов информираше дека станува збор за вообичаена соработка што се реализира секоја година.
- На сево ова му претходеше јавен повик на кој требаше да се пријават сите заинтересирани, врз што ги димензиониравме и средствата кои влегуваат во буџетот за оваа година. Аплицираа околу 40 здруженија на граѓани од најразлични профили - екологија, образование, здравство, социјала, демократизација, здруженија кои работат во областа на транспарентност и јавност на јавните институции, изјави Ефремов.
Тој нагласи дека општината ќе поддржи најразличени проекти од 33 здруженија на граѓани. Сумите за поддршка се движат од 10 до максимум 40 илјади денари.
- Одбиените се здруженија кои не егзистираат на територијата на општината Кавадарци или не исполнуваат други критериуми, како оној да вршат дејност најмалку една година пред излегувањето на повикот за поддршка, рече Ефремов, додавајќи дека процедурата за доделување на финансиските средства се одвивала на транспарентен начин.
Ново на Сител
-
„Јутјуб“: Кусите видеа ќе траат до три минути
-
Истражување: На кучето треба полека да му се говори
-
Модни трендови: „Рециклирање“ облека и модни додатоци
-
Нова промена на цените на горивата од полноќ
-
20-годишен скопјанец прегази пешак во скопско Марино
-
Приведен криумчар на мигранти, пронајдени 11 лица од Сирија
-
СДСМ бара одговорност за починатото бебе на детска клиника
-
Таравари: На терен се инспектори и членови на Комисијата за да се испитаат сите факти околу смртта на 14 месечното дете