-->
-->
Општина Кочани ќе се снабдува со струја на слободен пазар
-->
Општина Кочани заврши со постапката за излегување на слободниот пазар за електрична енергија, односно за излегување од системот на ЕВН од кој единицата на локалната самоуправа на Кочани досега се снабдуваше со струја.
- Од 1 октомври оваа година, фирмата „Енерџи деливери солушн“ ќе ја снабдува општина Кочани со електрична енергија. Оваа компанија е избрана по тендерската постапка која беше распишана за оваа намена и таа даде најповолни услови за снабдување со електрична енергија, изјави градоначалникот Ратко Димитровски.
Тој истакна дека според понудените цени се очекува општина Кочани да ги намали трошоците за електрична енергија за триесет проценти.Со ова општина Кочани е прва и засега единствена општина во државата која што се снабдува со струја на слободниот пазар.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Нови меѓусебни реакции на релација Софија - Скопје
-
Путин поддржува примирје
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, министер за одбрана
-
50 години клиника за нефрологија – годишно на дијализа завршуваат околу 300 нови пациенти
-
5-ти смртен случај со грип оваа сезона
-
Доживотен затвор за убиецот кај Мавровка
-
Обвинителството поднесе жалба за куќниот притвор за Асмир Јахоски
-
Мицкоски: 5% од судиите и обвинителите се последниот штит на криминалите на владата СДС-ДУИ